Уапсен вработен во Специјалниот завод во Демир Капија поради бакнување на девојка со попреченост

од Nikola Popovski

СВР Велес соопшти дека вработен од Специјалниот завод во Демир Капија вчера е уапсен, откако бил фатен како допира и бакнува девојка згрижена во домот.

„На 10 август, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа Специјален завод во Демир Капија, бил затекнат Б. А. (51), вработен во Заводот, како бакнува и допира штитеничка на установата“, соошти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Тој кажа дека лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Заводот во Демир Капија се згрижени лица со интелектуална или друг вид попреченост.

Слични содржини