Уапсена поранешната Мис на Русија поради „шверц на стратешки важна стока“

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Поранешната Мис на Русија, Софија Никитчук е уапсена на рускиот аеродром Внуково под сомнение дека шверцувала луксузна стока.

Како што соопшти Федералната царинска служба (ФЦС), младата жена долетала за Внуково од Ница преку Истанбул, бидејќи нема директни летови поради санкциите, а поминала низ „зелениот коридор“ на аеродромот.

На царина пронашле златен часовник „Патек Филип“, два прстени и ланче „Картие“ со вкупна вредност нешто повеќе од 115.000 евра. Манекенката им кажала на цариниците дека не поднела царинска декларација бидејќи сметала дека овие предмети се личен багаж.

„Проверката покажа дека накитот е оригинален и изработен од легура на злато 750“, истакнаа цариниците.

Се испостави дека тоа е Софија Никичук, поранешна мис на Русија и прва придружничка на изборот за Мис на светот во 2015 година. Таа е приведена.

Руската федерална царинска служба извести дека Никичук е осомничена за шверц на стратешки важна стока и за избегнување царински давачки.

Доколку биде прогласена за виновна, ѝ се заканува затворска казна до пет години.

Слични содржини