Уапсени 102 лица на протестите за поддршка на Навални

од Stefanija Kuzmanovska

На денешните протести за поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални, 102 лица беа уапсени ширум Русија, објави организацијата за мониторинг на протестите ОВД.

Апсењата се случија на денот кога рускиот претседател Владимир Путин се обрати пред Собранието и го предупреди Западот да не ги преминува „црвените линии на Русија“, бидејќи ќе зажали и ќе се соочи со брз и остар одговор на секоја провокација, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, денеска на својот Твитер профил оцени дека апсењето на приврзаниците на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е за жалење, пренесува „Танјуг“.

„Руските власти мораат да го почитуваат правото на јавно собирање“, рече Мишел и апелираше на Навални да му се пружи медицинска нега и да се ослободи од затвор.

Слични содржини