Уапсени 16 вработени во пристаништето заради експлозијата во Бејрут

од Aleksandar Petrovski

Либанските власти уапсија 16 лица како дел од истрагата за експлозијата во центарот на Бејрут, јави државната агенција ННА.

Судијата Фади Акики, претставник на владата во воениот суд, рече дека повеќе од 18 служеници во пристаништето и царината одговорни или вклучени во работата за одржување на складот ​​во кој експлодирал амониум нитрат, се сослушувани, пренесува Ројтерс.

„16 лица беа уапсени како дел од истрагата“, рече Акики, без да ги именува уапсените.

Тој додаде дека истрагата, која започнала веднаш по експлозијата во вторникот вечерта, продолжува.

Во експлозијата во пристаништето во центарот на Бејрут загинаа повеќе од 135 луѓе и повредени се повеќе од 5.000, но се стравува дека бројот на жртви е поголем.

Слични содржини