Уапсени 38 лица поради немири пред средно училиште во Грција (ВИДЕО)

од Milan_M

Солунската полиција уапси најмалку 38 лица утрово, за време на немирите пред средното техничко училиште во западното предградие Евсомос.

Околу 100 тинејџери и млади луѓе, за кои се верува дека се поврзани со екстремната десница во Грција, се собраа пред училиштето и го блокираа влезот со контејнери што ги запалија.

Весникот „Катимерини“ наведува дека тие фрлале камења, факели и други предмети врз наставниците и телевизиските екипи кои се обиделе да им пријдат.

Групата избегала на околните улици кога пристигнале специјалните сили, а потоа повторно се собрале во две колони со цел да се пробијат до другите технички училишта во областите Амбелокипи и Сауропула, пренесува Танјуг.

Грчкиот весник додава дека полицијата ги чекала на двете локации и имало конфликт.

Слични содржини