Уапсени 88 лица поради трговија со луѓе: Интерпол спроведе акција, откриени 500 жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Близу 90 лица беа уапсени поради трговија со луѓе во голема полициска акција, со чија помош беа откриени околу 500 жртви на криумчарење, вклучително и деца, соопшти денеска Интерпол.

Полицијата од 24 земји, вклучително и службеници за спроведување на законот од Кенија, Бразил и Франција, учествуваа во операцијата наречена „Век“, која беше спроведена помеѓу 28 март и 2 април, објави „Ројтерс“.

Уапсени се вкупно 195 лица, од кои 88 биле поврзани со трговија со луѓе, останатите биле претежно мигранти, кои биле приведени за фалсификување документи и кражба.

Една од жртвите е девојче (15) од Конго, кое било сексуално злоставувано од трговци со луѓе, додека се обидувало да избегне присилен брак, додаде Интерпол.

Меѓу жртвите на криминалците имало градежни работници од Либан, Сирија и Јордан во Конго, чии пасоши биле одземени и не им било платено за нивната работа.

Слични содржини