Уапсени четири лица поради поседување на амфетамин и екстази

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ги лишиле од слобода С.Б.(26), А.А.(29), О.Ш.(33) и Ж.Т.(28), сите од Скопје, затоа што при личен преглед и претрес во дом кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и екстази.

Од таму велат дека по преземени мерки, А.А. и О.Ш. биле затекнати при средба со С.Б., по што биле запрени и при преглед кај нив бил пронајден и одземен амфетамин.

„Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Б. каде биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, екстази и дигитална вага. Исто така, во дворот на С.Б. бил затекнат Ж.Т. и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Сите лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од полицијата.

Слични содржини