Уапсени двајца крадци на улица „Македонија“

од Берта Китинска

На 18.05.2022 во 17.40 часот на улицата „Македонија“, полициски службеници од полициската станица Центар ги уапсиле Д.К.(19) и А.А.(28), двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба” во објект на улицата „Македонија“.

Двајцата приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени пријава.

Слични содржини