Уапсени двајца наркодилери во Ѓорче Петров

од Milan1

Синоќа во 19.50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров ги лишиле од слобода Л.Б.(25) од Скопје и Д.И.(23) од Свети Николе, со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини