Уапсени две лица од Брвеница поради незаконско емитување на авторски содржини

од Nikola Popovski

МВР информира дека денеска во 13.45 часот во с.Брвеница од страна на полициски службеници од СВР Тетово приведени се две лица од село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “повреда на авторско право и сродни права”.

Според полицијата, се работи за С.М.(55) и Б.М.(26), и двајцата од с.Брвеница.

При претрес извршен во домот на С.М (55) пронајдени се и одземени се 6 лап-топ компјутери, 7 боксови за ИП компјутери, два персонални комјутери, 31 УСБ, 3 боксови Амазон и список за клиенти. По документирање случајот против нив ќе биде поднесен поднесок во врска со член 157 од Кривичниот законик.

Слични содржини