Уапсени Красничи Бесим и Точи Фадил барани со меѓународна потерница

од Берта Китинска

Од страна на косовското министерството за внатрешни работи во текот на минатата недела од слобода се лишени лицата Красничи Бесим и Точи Фадил кои се барани по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за извршени тешки кривични дела

-Акцијата за приведување на двете лица е реализиранa во непосредба соработка и комуникација помеѓу ИНТЕРПОЛ во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја. Согласно информациите со кои располагам понатамошната постапка за екстрадиција ја координира Министерството за правда.Министерството за внатрешни и работи и понатаму ги презема мерки и активности за целосно и неселективно спроведување на законот, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Слични содржини