Уапсени мајка и син во Карпош, биле агресивни кон полицајци

од Берта Китинска

Вчера во скопски Карпош полициски службеници од Полициска станица Карпош ги привеле С.Л.(22) и Л.Н.Е.(45), двајцата од Скопје, за нарушување на јавен ред и мир.

Според МВР, во 03.50 часот на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Бледски договор“, С.Л. кој бил во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници, додека во 06.10 часот во просториите на Полициска станица Карпош, Л.Н.Е. го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син С.Л., кој бил претходно приведен.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини