Уапсени родителите на момчето кое го изврши масакрот во Врачар

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека покрај момчето кое денеска го изврши масакрот во училиштето во Врачар, уапсен е и неговиот татко.

Како што неофицијално дознава „Б92.нет“, уапсена е и мајката на момчето.

Момчето, како што беше кажано на вонредна медиумска конференција, имало список со имињата на децата кои планирало да ги ликвидира. На училиште дошол со оружје што го зел на татко му.

„Тврди дека биле заклучени во сефот под шифра, но очигледно детето ја имало шифрата на тој сеф, покрај двата пиштола, пронајдени се уште три рамки полни со куршуми. Неофицијално, заедно со неговиот татко оделе на стрелишта, вежбал гаѓање. Во секој случај мерките предвидени со закон ќе бидат преземени и против таткото“, изјави министерот на полиција Братислав Гашиќ, мислејќи на таткото на ученичкот.

Ученикот уби седум девојчиња, едно момче и член на обезбедувањето.

Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјавил дека ученикот повикал полиција и рекол: „Јас сум Коста Кецмановиќ“, и пријавил дека пукал во неколку лица.

Владата на Србија донесе одлука да прогласи тридневна жалост поради трагичниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“.

Слични содржини