Уапсени руски шпиони во Давос?

од Nikola Popovski

Швајцарската полиција уапси двајца руски разузнавачи во Давос минатиот август.

Претпоставката на полицијата е дека тие подготвувале активности за шпионажа за време на годинешниот Светски економски форум.

Според швајцарските медиуми, уапсените Руси имале дипломатски пасоши и биле ослободени непосредно по нивното апсење, јавува Би-Би-Си, додавајќи дека еден од нив се претставувал како водоводџија.

Руската амбасада во Берн објави дека медиумите се обидуваат да направат скандал од ништо и дека за инцидентот дознале од медиумите. Според нив, нема извештаи дека двајца руски државјани биле сослушани во август.

Форумот во Давос беше отворен во вторникот.

Според наводите на полицијата во кантонот Граубунден, ситуацијата станала сомнителна кога добиле информација дека двајцата Руси имаат намера да останат три недели во Давос, инаку скијачки центар. Тие не објаснија точно какви шпионски операции  извршиле.

Портпаролката на полицијата потврди дека Русите биле проверени и додаде дека многу луѓе биле само проверени.

Слични содржини