Уапсени три лица од Гостивар – пронајдени хероин и кокаин

од Radmila Tasevska

Синоќа три лица се лишени од слобода откако при претрес на стан во Гостивар биле пронајдени хероин и кокаин.

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар синоќа околу 20 часот и 30 минути, на улица „Мара Угринова” во Гостивар, ги лишиле од слобoда Л.Ф.(60) од гостиварско Форино, Ш.А.(48) од гостиварски Добридол и Е.К. (23) од гостиварско Калиште.

При преглед на просторијата во која престојувал и ја користел Л.Ф. биле пронајдени 20 пакувања хероин и една грутка кокаин.Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 215 од Кривичниот законик.

Слични содржини