Уапсени три лица во Скопје, кај нив пронајдена марихуана

од Milan1

„Вчера во 10:10 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М. М. (33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Исто така вчера во 13:10 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д. А. (28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На подрачјето на Карпош вчера во 03:45 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ф. В. (21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Слични содржини