Уапсени тројца малолетници кои краделе златни синџирчиња

од Nikola Popovski

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин.

Според МВР, на 22.09.2020 во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на ул„11 Октомври“ во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот и биле одземени две златни ланчиња. По преземени мерки од страна на полициски службеници сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени синџирчиња.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини