Уапсено 21 лице во Скопје: Цела година се собирале докази за криминалната група

од Берта Китинска

Утринава во полициската акција која ја спроведоа специјалните единици на МВР беше приведено 21 лице. Организираната криминална  група била следела цела година.

– Приведени се 21 лице, пронајдена и запленета дрога, автомобили, пари, мобилни телефони, во скопски Грчец, Гази Баба, Чаир и Сингелиќ., велат од МВР.

Шефицата на обвинителството, Вилма Русковска за акцијата соопшти дека нејзиното обвинителство долго време работи на овој предмет со собирање докази, слушање комуникации, следење. Од понеделник ќе започне и финансиска истрага.

– Имаме докази за недозволена трговија со дрога и други прекурсори, не сакавме пред акцијата да спроведеме финансиска истрага за да не ни ја пробијат целата акција, но од понеделник ќе почне и финансиска истрага. Година време собиравме докази, имаше ПИ-мерки, слушање комуникации и следење Приведените се наоѓаат во повеќе полициски станици, но колку што сум информирана по одредени лица сѐ уште се трага. Не сакавме пред акцијата да спроведеме финансиска истрага. Се плашевме да не ни се пробие целата акција, но од понеделник ќе почне и финансиска истрага, изјави Рускоска.

Досега се пронајдени и одземени дрога, автомобили и пари, во повеќе објекти каде претресите се завршени. Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во Кривичниот суд.

Акцијата е се уште во тек, се трага по уште неколку лица, а вклучени се и специјалните единици.

Слични содржини