Уапсено лице во летна дискотека кај Градскиот парк

од Nikola Popovski

МВР објави дека утрово привеле скопјанец од една од скопските летни дискотеки кај Градскиот парк, кај кој била пронајдена дрога.

-Околу 4 часот по полноќ полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.С. од Скопје, кај кого биле пронајдени наркотични средства. Од полицијата соопштија дека лицето било забележано во дискотека во градски парк и се обидело да избега, но набргу е приведено во ПС Карпош, информираат од полицијата.

Од таму додаваат при неговото приведување, полициските службеници биле попречувани од друго лице со иницијали М.К.. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини