Уапсено лицето кое украде марихуана од полициска станица

од Nikola Popovski

Од МВР соопштуваат дека вчера е уапсен 34-годишниот Г.Ј. од Гевгелија за кражба од 29 ноември, кога со употреба на сила влегол во полициската станица во Гевгелија и украл марихуана.

„Пријавениот, на 29.11.2020 во периодот од 03.30 до 04.00 часот украл 24 суви растенија Канабис сатива (марихуана) и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија марихуана“, стои во соопштението на полицијата.

Следниот ден по овластување на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, увид на местото извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, по што се преземени соодветни мерки за откривање на сторителот.

МВР соопштува и дека при претресот на домот на пријавениот во Гевгелија, биле пронајдени одземените предмети а тој се однесувал агресивно и им се заканувал на полициските службеници , по што бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Гевгелија.

Слични содржини