Гвинет Палтроу организираше ексклузивна забава на Беверли хилс, а сите поканети требаше да исполнат само еден услов – да дојдат без шминка.

Меѓу поканетите биле и Кејт Хадсон, Деми Мур со ќерка ѝ Румер Вилис, Рејчел Зои и Александра Грант, позната во јавноста како девојка на Кијану Ривс. Повод за оваа забава била новата линија за нега на кожа на Гвинет, под нејзиниот бренд Goop.

Некои од поканетите најпрво не биле воодушевени од оваа идеја, но многу од нив сфатиле дека ова е одличен начин да си поминат убаво, без лицето да им е прекриено со слоеви тешка шминка.

Слични содржини