Убави вести од Мариупол: Родени 24 бебиња во последното деноноќие

од Nikola Popovski

Пристигнуваат барем малку убави вести од опколениот Мариупол, кој во времето на инвазијата имал речиси половина милион жители. Во градот кој неколку дена е без вода, струја и интернет поради руската воена акција, во последните 24 часа се родени 24 бебиња, соопштија локалните власти.

Градскиот совет објави дека Мариупол продолжува да живее и покрај војната.

Да потсетиме, Украина во средата ја обвини Русија за бомбардирање на детската болница во Мариупол за време на прекинот на огнот. Шокантните сцени од уништената болница го обиколија светот, а руската армија вели дека нападот на породилиштето и детската болница во Мариупол била „претстава“ во режија на украински националисти.

Слични содржини