Убеден сум дека сега Мицкоски не сака да биде премиер, вели Тачи

од Берта Китинска

„Имаме 61 пратеник, но со 61 е опасно да се води државата. Немаме стабилност. Сега е сериозно време Заев да направи напори и сериозно да разговара со претставници на БЕСА и Алтернатива. Дали тие партии се за ЕУ или за дестабилизација на државата“, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи  кој беше гостин во „Клик Плус“ .

„Се подготвуваше црно сценарио за Македонија. Никој не може да ме убеди дека и Русија нема влијание тука. Ова е сериозна закана за државата. Исто така убеден сум дека сега Мицкоски не сака да биде премиер. Тој калкулира. Сака да имаме техничка влада со премиер Албанец, со тоа ќе расте бројот на гласачи за ВМРО-ДПМНЕ, па потоа на избори да добие поголем број на пратеници“, изјави Тачи.

Слични содржини