Убедени сме дека нов градоначалник на Тетово ќе биде Касами, вели Хоџа

од Берта Китинска

Генералниот секретар на БЕСА, Арјанит Хоџа, истакна дека во партијата се убедени дека нов градоначалник на Тетово ќе биде нивниот лидер Биљал Касами.

-Движењето Беса влегува консолидирана како партија во изборната кампања. Задоволни сме од досегашните активности. Беса покажа дека може да биде сериозна политичка партија. Ние очекуваме победа во повеќе општини, а најголемата победа ќе ја оствариме во Тетово, и иден градоначалник на Тетово ќе биде Биљал Касами – рече Хоџа на ТВ 21.

Слични содржини