„Убер“ и „Лифт“ една година без такси дозвола

од Vladimir Zorba

Градските власти во Њујорк одлучија наредната година да не издаваат дозволи за такси услуги по принципот „споделување бизнис“, што најмногу ќе ги погоди компаниите како што се „Убер“ и „Лифт“.

Њујорк е првиот голем град во САД кој воведе такво ограничување и тоа во рамки на пакетот мерки кој вклучува и утврдување на минимална плата за возачите.

Целта на одлуката е да се намалат сообраќајните метежи и да се зголемат платите на таксистите, чии приходи паднаа, меѓу другото и  поради конкуренцијата од „Убер“ и „Лифт“.

 

Слични содржини