Убиен млад Авганистанец во Гевгелија

од Nikola Popovski

МВР информира дека 24-годишен авганистански државјанин бил пронајден мртов со убодна рана на телото во близина на железничкиот мост во Гевгелија.

Според полицијата, доцна синоќа во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото.

-Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан. Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Слични содржини