УБИЕН НОВИНАР НА РОЈТЕРС: „Беше исклучителен и омилен колега“

од Stefanija Kuzmanovska

Новинарот на „Ројтерс“, Даниш Сидики беше убиен денес при известување за судири меѓу авганистанските сили и талибанските борци недалеку од граничниот премин со Пакистан.

„Авганистанските специјални единици се бореа да ја преземат контролата над областа на главниот пазар во областа Спин Болдак во моментот кога еден новинар и еден авганистански офицер беа убиени во вкрстениот оган со талибанците“, рекоа официјалните лица.

Како новинар, Сидики им се придружи на авганистанските специјалци во јужната провинција Кандахар и известуваше за судирите меѓу авганистанските командоси и талибанските борци.

Претседателот на „Ројтерс“, Мајкл Фриденберг и главната уредничка Алесандра Галони изјавија дека агенцијата се обидува да добие дополнителни информации и да соработува со властите во регионот.

– Даниш беше исклучителен новинар, посветен сопруг и татко и омилен колега. Ние сме со мислите со неговото семејство во овој страшен момент – се наведува во соопштението.

Слични содржини