УБИЕН ПОЛИЦАЕЦ ВО ШВЕДСКА: „Одлучни сме да го решиме ова“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Полицаец е убиен во Гетеборг, што е прв ваков случај во последните 14 години, објавија денеска шведските власти, кои се соочуваат со сериозен проблем на вооружени судири меѓу криминални банди.

Убиството се случи синоќа, но сторителот сè уште не е идентификуван, ниту пак некој е уапсен.

„Одлучни сме да го решиме ова. Рано е да се каже дали полицијата била цел на нападот“, рече портпаролот на полицијата Клас Јохансон на прес-конференција.

Нападот се случил за време на полициска патрола во предградијата на Гетеборг, кога еден од полицајците бил ранет од огнено оружје, покажуваат првите откритија на истрагата.

30-годишниот полицаец потоа им подлегнал на повредите во болницата, прецизира полицијата.

Во Шведска, полицаец последен пат беше убиен во 2007 година при пренесување осуден убиец во психијатриска клиника, објави шведското јавно радио.

Шведска веќе неколку години се обидува да се спротивстави на зголемувањето на бројот на криминални банди, поради што има повеќе вооружени судири во таа прилично мирна земја.

Минатата година имало повеќе од 360 инциденти со огнено оружје, 47 мртви и 117 ранети, што е рекорд според податоците на полицијата.

Слични содржини