Убиен полковник на Револуционерната гарда на Иран

од Nikola Popovski

Полковник на Револуционерната гарда на Иран е убиен денеска пред својата куќа сред Техеран.

Двајца непознати сторители на мотор го убиле полковникот Хасан Сајад Ходаџари пукајќи кон него со пет куршуми. Државната телевизија јави дека потрагата по нив е во тек, но не соопштува детали ниту можен мотив за убиството.

Иранските медиуми за Ходајари само наведоа дека тој бил „чувар на светилиштето“, што се однесува на Иранците кои се борат против екстремистите на Исламската држава во Сирија и Ирак во рамките на елитниот одред Кудс, дел од Револуционерната гарда.

Ниту една организација се уште не ја презела одговорноста за убиството.

Слични содржини