Убиен познатиот шведски рапер Ејнар

од Vladimir Zorba

Еден од најпопуларните шведски музичари, Нилс Гренберг, попознат како Ејнар, беше убиен доцна во четвртокот (21 -ви октомври) во Стокхолм.

Ова предизвика дополнителен гнев во јавноста поради насилството од бандите што ја зафати таа скандинавска држава во изминатите неколку години.

Деветнаесетгодишниот Ејнар е убиен во населбата Хамарби Сјостад во Стокхолм, а досега никој не е уапсен.

Во претходен инцидент минатата година, Ејнар беше киднапиран и нападнат од конкуренти рапери поврзани со криминална банда од Стокхолм, пренесе Ројтерс.

Еден од раперите, Јасин Бин, е осуден на затвор поради неговата улога во киднапирањето.

„Млад живот е згаснат и разбирам дека тоа ги погодува младите. Тоа е трагедија“, изјави шведскиот премиер Стефан Лофвен за локалните медиуми.

Гренберг има издадено четири албуми, а неговите песни се слушани десетици милиони пати на музичките платформи. Добитник е и на повеќе награди.

Шведска беше опфатена со насилство поврзано со банди во текот на изминатите неколку години и имаше највисока стапка на злосторства поврзани со оружје во Европа во последните две децении.

Слични содржини