Убиен универзитетски професор: Бомба го погодила неговиот автомобил

од Stefanija Kuzmanovska

Мубашер Муслимџар, професор на универзитетот во Кабул, беше убиен кога бомба го погодила неговиот автомобил во главниот град на Авганистан.

Муслимџар, професор по исламско право, беше убиен во Кабул заедно со уште едно лице, изјави портпаролот на полицијата Фердавс Фарамарц, пренесе „Ројтерс“.

Идентитетот на другото убиено лице не беше познат веднаш, но медиумите објавија дека и тој бил професор.

Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот, но владините претставници велат дека виновниците се талибанските бунтовници, кои користат тактики на влевање страв, избегнувајќи големи цивилни жртви.

Слични содржини