Убиената жена во центарот на Лондон е Американка, а напаѓачот е Норвежанец од сомалиско потекло

од Vladimir Zorba

timthumb (6)

Жената, која синоќа беше убиена при напад со нож во центарот на Лондон, е 66-годишна Американка, изјави заменик директорот на Скотланд јард, Марк Роули.

– Убиената жена е Американка, а петмината повредени се државјани на Австралија, САД, Израел и Велика Британија, потврди Роули, без да наведе повеќе детали за настраданите.

Тој истакна дека напаѓачот е 19-годишен Норвежанец од сомалиско потекло, кој веројатно има психички проблеми. Момчето било уапсено веднаш по нападот, но засега не се откриени докази за радикализација и дејствување според терористички побуди.

– Она што го утврдивме досега покажува дека нападот е извршен поради психички нарушувања и жртвата е избрана случајно, додаде Роули.

Слични содржини