Две ученички се убиени денеска во пукотници во едно училиште во предградие на американскиот град Феникс, во државата Аризона, соопшти полицијата.

arizona-school-shooting

Претставничката на полицијата во квартот Глендејл, Трејси Бриде, рече дека двете жртви имале по 15 години и дека се убиени со еден куршум.

Таа додаде дека оружјето е пронајдено покрај телата на жртвите.

arizona-school-shooting (1)

Други детали за инцидентот не се познати.

Бриден рече дека останатите деца во училиштето се безбедни.

Слични содржини