Убиецот на Флојд под 24-часовен надзор животот: Му се заканува висока затворска казна

од Берта Китинска

Поранешниот полицаец Дерек Шовин е прогласен за виновен за убиството на афро-американецот Џорџ Флојд. Тој се соочува со затворска казна од 40 години, и беше префрлен во затвор со максимално обезбедување. Тој ќе биде под 24-часовен надзор, бидејќи властите стравуваат дека може да изврши самоубиство.

Пресудата ќе биде изречена за осум недели и тој се соочува со казна од 12 до 40 години затвор, пренесува Дејли меил.

Семејниот адвокат на Џорџ Флојд, Бен Камп, рече дека оваа пресуда претставува „пресвртна точка во историјата“ на Соединетите држави.

– Конечно пристигна болно заслужената правда – изјави тој на Твитер.

Поротата донесе едногласна одлука дека Шовин е виновен по сите три точки од обвинението – убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

Поранешниот полицаец се бранеше од слобода, но по изрекувањето на пресудата, му беше укината кауцијата и беше однесен во затвор.

Така заврши тринеделното судење за убиството што ја запали и подели Америка на расна основа.

Флојд почина на 25 мај 2020 година, откако Шовин со колено му го држеше вратот девет минути за време на апсењето затоа што наводно платил сметка во блиската продавница со фалсификувана сметка од 20 долари.

Слични содржини