Убиство од заседа: Застрелан познат грчки телевизиски новинар

од Stefanija Kuzmanovska

Грчкиот телевизиски репортерот Јоргос Караиваз беше застрелан денеска во предградието на Алимос во јужна Атина.

Според прелиминарните извештаи, додека се враќал дома, тој бил погоден најмалку шест пати во напад кој ги имал сите елементи на планираната заседа, а се случил нешто по 14 часот по локално време, објави „Катимерини“.

Караиваз, искусен и познат новинар кој известуваше за криминал, се враќал од работа по една емисија на ТВ Стар, кога убијците го пресретнале, користејќи придушувачи.

Тој бил пронајден мртов покрај неговиот автомобил паркиран во паркот во близина на неговиот дом.

Полицијата започна потера по убијците, за кои се верува дека биле на мотор.

Убиството предизвика шок во Грција, особено кај новинарите, а многумина сметаат дека истражувањето на Караиваз за криминалците има врска со убиството, пренесе Greek reporter.

Караиваз е познат по известување за грчката полиција и криминалот, а работел и на страницата bloko.gr.

Слични содржини