Убиство во Бутел: Пукано кон голф, едно лице убиено

од Берта Китинска

Доцна синоќа убиено е едно лице, а едно е тешко повредено, откако од едно возило било пукано кон друго, марка „голф“ во скопски Бутел 2.

Според официјалните податоци од тешко повредениот бил итно пренесен на скопските клиники „Мајка Тереза“.

-Во СВР Скопје околу 22.00 часот е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило „голф“, во кое имало две лица, по што биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Едното лице им подлегнало на повредите. Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот, изјавија од МВР доцна синоќа.

Слични содржини