Убиство во казино кај Млечен

од Nikola Popovski

Утрово се случило убиство во казино во близина на Млечниот ресторан во скопската населба Тафталиџе, извести МВР.

Според информациите, пукањето се случило на булеварот М.Т. Гологанов, а починат е 46-годишен арачиновец.

-Во 08:05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул. ‘М.Т. Гологанов’ едно лице пукало во Н.А. (46) од село Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. им подлегнал на повредите, стои во полицискиот билтен.

Полицијата го има оградено просторот околу казиното каде се случило пукањето.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини