Убиство во Скопје: Го ликвидирале пред очите на сопругата

од Nikola Popovski

Синоќа околу полноќ се случило убиство при грабеж во скопско Инџиково.

Според известувањата на дел од медиумите, околу 23 часот две непознати лица маскирани со фантомки вооружени со пиштол влегле во ходникот од куќата на 49 годишниот И.А од Инџиково, кој бил во куќата со сопругата и истите ги легнале во ходникот, во другата соба имало роднини.

Откако И.А им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал и го погодил во пределот на главата, по што заминале во непознат правец.

Од страна на доктор од брза помош констатирана е смрт на И.А на самото место.

Од МВР ја потврдуваат информацијата, но не соопштуваат повеќе детали.

Слични содржини