Убиството на Џорџ Флојд снимено од камера на полицаец (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Речиси 11 недели по смртта на Џорџ Флојд за време на апсењето во Минеаполис, Окружниот суд во Минесота за прв пат објави снимки снимени од камера на униформата на полицискиот службеник.

Видеото е снимено од камерите на униформите на офицерите Томас Лејн и Александар Куенг, кои учествувале во апсењето на Флојд на 25 мај.

Камерата на третиот полицаец, Дерек Шовин, кој го држеше коленото на вратот на Флојд скоро девет минути, испадна за време на апсењето и неговите снимки не беа објавени.

Видеото е долго саат време и е снимено од камерите на полициските службеници кои се обвинети за соучесништво, и први се појавија на местото на настанот, на повик на сопственикот на продавницата кого Флојд наводно сакал да му плати со лажна сметка од 20 долари.

Полицајците прво разговараат со продавачот, а потоа одат кај Флојд, кој седи во автомобилот.

Во видеото се гледа офицерот Лејн како влече пиштол бидејќи Флојд не ги кренал рацете веднаш.

Флојд изгледа како да плаче и во еден момент ја става главата на воланот.

„Те молам, не пукај во мене, човек“, вели Флојд низ солзи. „Ја изгубив мајка ми, човек. Многу ми е жал“.

Снимката покажува дека Флојд ирекол на полицијата дека не се спротивставува, туку дека е клаустрофобичен и заразен со коронавирус.

Полициските службеници го извлекле од автомобилот, му врзале лисици на рацете и се обиделе да го турнат во патролно возило. Тој започнува да се спротивставува во патролното возило и вели дека не може да дише, а потоа полицијата го извлече и тој завршува на земја.

Потоа се слуша неколку пати како Флојд плаче дека не може да дише, а видеото завршува со пристигнување брза помош, обидувајќи се да го реанимира несвесниот Флојд.

Афроамериканецот почина од „задушување поради долгорочен притисок“, покажаа резултатите од независна обдукција.

Аутопсијата откри дека како резултат на притисокот врз грбот и вратот на Флојд, прекинато е снабдувањето со крв во неговиот мозок, како резултат на што починал.

Додека Шовин е обвинет за убиство од втор степен, тројца други полицајци, Александар Куенг, Ту Тао и Томас Лејн, се обвинети за помагање и поттикнување на убиството.

Сите четворица беа отпуштени по инцидентот што го разбуди целиот свет.

Убиството на Флојд ги инспирираше луѓето од сите раси да маршираат низ улиците и да клекнат, да викаат дека „црните животи се важни“ и да се собираат во стотици градови низ целиот свет.

Иако многу протести во САД останаа мирни, насилството и грабежот избувнаа кога почнаа да се шират немири низ целата земја.

Во Минеаполис, демонстрантите дури запалија полициска станица по смртта на Флојд.

Слични содржини