„Учебници и настава мора да има“: За утре најавен бојкот на наставата

од Берта Китинска

Претставниците на Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има!“ денеска одржа прес-конференција  побараа стопирање на постапката за измена на законот за учебници и дидактички материјали

„Стопирање на постапката за донесување законот, организирање на јавна расправа и дебата за измените во законот, директно и непосредно учество на стручни лица и претставници од групата на граѓани за ревизија и интервенции во законот. Доколку не се одговори на нашите барања ќе следуваат други активности како протести, барања за оставка на Царовска и покренување на граѓанска иницијатива согласно законот за непосредно изразување на граѓаните. Ние нема да застанеме бидејќи се работи за здрав образовен систем на нашите деца и здрава иднина на нашите деца “, рече Драгана Спасевска, родител и претставник од групата.

Од групата на родители која брои 70.000 најавија дека утре ќе ја бојкотира наставата и со физичко присуство и онлајн.

Слични содржини