Ученици од 8 години загинаа седејќи во училишните клупи

од desk2

Две деца на осумгодишна возраст загинаа, а уште три се повредени откако во училница од едно основно училиште во Сиднеј влета автомобил.


Автомобилот го пробил дрвениот ѕид на училницата каде во моментот имало учителка и 24 ученици.
Во болница се превезени пет деца, вклучително и починатите момчиња. Три девојчиња се задржани во болница, а уште на 16 деца им е укажана помош на местото на несреќата, поради помали повреди.
Со возилото управувала 52-годишна жена, која не е повредена, но ја однеле во болница за тест на урина и крв.


Маж кој од соседството дотрчал да помогне кога слушнал силен тресок, се обидел да го подигне возилото под кое биле двете момчиња. Едното било во несвест, а другото повторувало: „Ја сакам мама“.


Тој се обидел со тројца други мажи да го подигне автомобилот и да им помогне на децата, но тие веќе биле мртви.

Слични содржини