Учениците не можат да се логираат, падна платформата за онлајн учење

од Берта Китинска

Од денеска започнаа со тестирање на Националната платформа за далечинско учење, откако викендов им беа доделени лозинки на учениците.

Најпрво системот беше паднат, односно учениците и наставниците не можеа да дојдат до страницата, а потоа кога беше овозможен пристап, немаше можност за логирање.

Националната платформа за далечинско учење е достапна на адресата www.schools.mk каде може да се видат упатствата и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат сите корисници низ платформата.

– Платформата функционира на следните ИТ уреди: десктоп компјутер, лаптоп компјутер, таблет и мобилен смарт телефон;
– Платформата функционира директно во веб прелистувач (Chrome, Microsoft Edge, Safari), и не е потребно да се инсталира дополнителен софтвер.

Слични содржини