Учениците утре се враќаат на настава

од Stefanija Kuzmanovska

По тринеделен зимски распуст, учениците утре ќе се вратат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година.

Наставата ќе продолжат да ја следат 270.000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20.000 првачиња.

Од јануари наставниците продолжуваат да работат со повисоки плати за 10 отсто, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука. 

Слични содржини