Учениците во Мариупол останаа без распуст оти мора да ја совладаат руската програма

од Nikola Popovski

Руските сили кои го окупираа Мариупол одлучија да го откажат летниот распуст за да можат учениците да ја совладаат руската програма, изјави во четвртокот градоначалникот на тој украински град. Според Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на пристанишниот град, каде што деновиве се предадоа последните украински бранители, „окупаторите рекоа дека учебната година се продолжува до 1 септември“.

„Во текот на летото децата ќе имаат часови по руски јазик и литература, руска историја и математика на руски јазик“, додал тој.

„Главната задача е деукраинизација и подготовка на новата учебна година според руската наставна програма“, истакнал Андриушченко, информирајќи дека „руските окупатори досега не успеаја да најдат доволно професори, туку само 53 наставници за девет училишта“.

Тој не наведе колку ученици се опфатени со одлуката.

Слични содржини