Учениците во знак на револт не ги вклучија компјутерите, МОН со апел: „Отсуството значи загубено време и знаење“

од Берта Китинска

Најавата за дигитализација на учебниците предизвика револт кај учениците и родителите.

Утрово  голем дел од учениците од средните скопски училишта  одлучија да не ги вклучат компјутерите во знак на револт.

Од Министерството за образование преку соопштение упатија апел до учениците , да продолжат да учествуваат во воспитно образовниот процес.

-По објавувањето на информации во дел од медиумите дека учениците од одредени средни училишта се организираат денес да ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука упатува апел до нив и до нивните семејства, да продолжат да учествуваат во воспитно – образовниот процес, кој треба да биде нивна единствена грижа и интерес. Во спротивно, отсуството од часови и настава значи загубено време и знаење кое понатаму тешко се надоместува.

Од сојузот на средношколци денеска изјавија дека  тие не се организатори на бојкотот.

Слични содржини