Учеството на Алтернатива во ваква влада е погрешен чекор, oценува Мицкоски

од Берта Китинска

Не сум во тек со содржината од разговорот меѓу Заев и Гаши. Нашиот став е јасен, оваа влада е најкорумпираната влада во изминатите 30 години и ја закова Македонија на дното според перцепцијата за криминал, односно е на врвот според степенот за криминал и корупција, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христија Ницкоски денеска во Битола.

–Катастрофата во енергетскиот сектор од 1-ви ќе ја почувствуваме и на сопствениот џеб, или да заклучам, било какво учество на политичката партија Алтернатива во една ваква влада претставува погрешен чекор, но тоа останува на раководството и лидерот на таа партија, и јас не сакам да се мешам во работењето на другите политички партии бидејќи тоа е политички некултурно, изјави Мицкоски.

Слични содржини