Училишта во Њујорк ги забранија костимите од „Squid Game“ за Ноќта на вештерките

од Nikola Popovski

Три основни училишта во Њујорк ги забранија костимите за претстојниот Ноќта на вештерките инспирирани од популарната серија на Нетлифкс „Squid Game“ во страв дека тоа би можело да предизвика возвишување на насилството.

Јужнокорејската трилер серија се врти околу приказната за луѓе оптоварени со долгови, кои се натпреваруваат за парична награда преку серија смртоносни игри. Нејзината „крвава“ содржина ги поттикна училиштата во американската метропола да ги запознаат родителите со „насилните пораки“ што ги испраќа серијата, пишува Би-Би-Си.

Тие изјавија дека костимите од „Squid Game“ на настан организиран од училиштата не би биле соодветни.

Училиштата во округот Фајетвил-Манлиус, Њујорк, издадоа упатства со кои се забрануваат костими за Ноќта на вештерките со предмети „што може да се толкуваат како оружје“ и оние што се „премногу крвави или застрашувачки“, изјавија претставници на училиштето за локалните медиуми.

Беше посочено дека учениците за време на одморот имитираат сцени од серијата, а директорите на училиштата ги предупредија родителите дека „игрите поврзани со насилничко однесување не се соодветни“.

Во Соединетите Американски Држави, Нетфликс ја означи серијата како содржина за возрасни, што значи дека нејзината содржина не е погодна за гледачи помлади од 17 години.

Некои родители се пожалија на училишните одлуки, објаснувајќи дека станува збор за костими.

„Само не дозволувајте децата да ја гледаат серијата“, рекоа некои родители.

Во Англија, просветницте работници предупредија дека шестгодишните деца играат игри имитирајќи ги оние во серијата и им соопштиле на родителите да внимаваат на опасностите од нивните деца да имитираат дејствија од „Squid Game“.

Слични содржини