УДАР ОД МОСКВА: Русија подготви 16 протоколи против Гугл

од Nikola Popovski

Руската Агенција за радиодифузија подготвила 16 протоколи за американски Гугл, бидејќи не ги отстранил информациите што се забранети во Русија од почетокот на 2021 година, изјави денеска заменик-директорот на руското тело за надзор на медиумите, Вадим Суботин.

– Од почетокот на годината за Гугл се составени 16 протоколи за административни прекршоци. Ова е голема бројка. Станува збор за систематско кршење на руските закони – изјави Суботин за ТАСС.

Казната може да биде од пет до десет отсто од годишниот приход на Гугл, наведува руската агенција.

Русија е подготвена да ги казни и Фејсбук и Твитер затоа што не ја отстраниле забранетата содржина, објави неименуван службеник во средината на септември.

Гугл веќе ѝ плати на Русија повеќе од 455.000 долари казни за небришење на содржини кои Москва ги смета за нелегални, објавија од американскиот технолошки гигант и рускиот регулатор по денешните разговори.

Слични содржини