Удирале по такси со бекатон плочки поради недоразбирање во сообраќајот

од Aleksandar Todeski

Во 3.40 часот денеска било пријавено дека на ул. „Анастас Митрев“ поради недоразбирање во сообраќајот, на Ф.Д.(37) од Скопје кој управувал такси-возило со скопски регистарски ознаки, му било попречено движењето од патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(30) кој бил заедно со А.Д.(34), двајцата од Скопје.

Потоа, според пријавеното во полиција, М.Н и А.Д. излегле од возилото и почнале со бекатон коцки да удираат по такси-возилото.

Притоа, Ф.Д. со возилото го удрил М.Н., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини