Удрен пешак, возач на камион избегал од местото на несреќата

од desk2

 

Во две одделни сообраќајки, удрен е старец, кој е тешко повреден, а во другата се судриле мотор и товарно возило, а шоферот на камионот избегал.


Во саботата во 16 часот во Скопје на паркинг просторот на улица „Владимир Комаров“ М.К.(48) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки удрила во пешакот Г.Н.(86) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Истиот ден околу 13.30 часот во Скопје на булевар „Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед со помошен мотор „Хонда Роад Махи“, управуван од Р.В.(33) од Р.Чешка и товарно моторно возило непозната марка управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштил местото на настанот. По незгодата возачот на моторциклот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Слични содржини